1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Еленовски разговараше со Шефер

Mакедонскиот министер за одбрана, Лазар Еленовски во Брисел разговараше со Генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер и амбасадорите во Алијансата на САД, Белгија, Холандија, Естонија и Словенија. теми на разговрите беа политичките процеси во регионот, предизвиците во реформите во Македонија во 2007ма, македонските мисиите во странство, проширувањето на Партнерството за мир со Србија, Црна Гора и Босна

Јаап де Хоп Шефер и Лазар Еленовски

Јаап де Хоп Шефер и Лазар Еленовски

и Херцеговина и односите на Македонија со Грција.

Генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер, изразил задоволство од македонските мисии во странство, посебно од учеството во мисијата ИСАФ во Авганистан. Американскиот амбасадор Викторија Нуланд, пак, побарала менторство од Македонија во НАТО интеграциите за сите земји од регионот.

Една од клучните забелешки за евро-атлантските интеграции - недостатокот на политички дијалог во Македонија, бил ставен на маса кај Шефер, но не е упатена посебна порака, вели министерот Еленовски:“Порака не ни упати, имајќи предвид дека ние разговаравме за партиципацијата на опозицијата. Вие, како што видовте и вчера на НАТО комитетот, беа присутни претставниците на опозицијата, дополнително ДУИ, бидејќи тука посебно е нивниот интерес, и во таа насока му ја претставив сликата во која ние апсолутно прифаќаме дека опозицијата е и тоа каков битен елемент во мозаикот на демократијата, меѓутоа секој нормално си има своја позиција.--

Одбранбените реформи пак беа помалку застапени во агендата на разговорите, бидејќи тие се одвиваат согласно акциониот план: “Ние едноставно добивме потврда на целокупниот прогрес во кој што се движиме и на крај беше потенцирано и од двајцата дека се движиме заеднички“, изјави Еленовски.

До крајот на 2009-та Македонија треба да развие среден пешадиски батаљон, но и 20 проценти од своите капацитети да ги ангажира во меѓународни мисии.Овој батаљон треба да биде главната база од која ќе се извршуваат меѓународните обврски на армијата.Иако Грција најави повлекување на својата болница од Авганистан здружениот медицински тим на Македонија, Хрватска и Албанија, кој делува во нејзини рамки ќе продолжи да ги извршува своите задачи.

Шефер се интересирал за текот на преговорите со Грција за името на Македонија Преговорите ќе продолжат, како и добрата соработка, одговорил Еленовски.“Не очекувам дека прашањето на името ќе може било на каков начин да загрози некаква позиција. Мислам дека во Република Грција каде што новите лидери на политичката сцена сосема поинаку ги сфаќаат работите и ние апсолутно ќе продолжиме со соработка со нив.“

Одлуката на македонската Влада за промена на името на аеродромот Петровец воопшто не била спомната, ниту пак нелегалниот транспорт на армиско оружје.