1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Еленовски на средби во Брисел

*

Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски по годишниот состанок на министрите за одбрната на Евроатланскиот партнерски совет изрази надеж дека Македонија успешно ќе ја преброди и последната фаза од процесот на приближување кон НАТО и дека во април наредната година ќе се усогласи политичката одлука за Македонија да добие покана за членство во Алијансата. Еленовски нагласи и дека нема закана од грчко вето за влаз на Македонија во НАТО. На билатералните средби Македонија доби поддршка од страна на Германија, Полска и Романија. На состанокот во Брисел министрите за одбрана дискутираат и за мисииите на НАТО во Авганистан и Косово како и за американскиот ракетен штит за што не е постигната спогодба.