1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Еленовски – Министри за одбрана ЕУ

*

Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски денеска ќе учествува на вториот ден од неформалната средба на европските министри за одбрана во Евора, Португалија. На дневцниот ред се наоѓаат тековната мисија на ЕУ во Босна и Херцеговина „Алтеа„ идните мисии на Унијата на Косово и во Чад, како и стратешкото партнерство меѓу ЕУ и НАТО. Министерот Еленовски пред ресорните колеги од ЕУ ќе го претстави и напредокот на Македонија во делот на европската безбедносна и одбрамбена политика. На средбата присуствуваат и министрите на Хрватска и Турција во својство на земји кандидати за членство.