1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Еленовски за безбедносната состојба во Македонија

*

Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски денеска изјави дека нема индиции кои би наложиле потреба од зголем степен на борбена готовност во Македонија, по последните најави за можна поделба на Косово при решавањето на идниот статус на покраината . Тој истакна дека сите сценарија поврзани со идниот статус на Косово а меѓу нив и за поделбата се шпекулации . Еленовски смета дека внатрешни политички тензии во Косово нема да имаат влијание врз безбедносната состојба во регионот .