1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Еленовски во САД и Канада на разговори за членството во НАТО

*

Македонскиот министер за одбрана, Лазар Еленовски, од денеска е во посета на Канада и САД. Еленовски треба да има средби со ресорните колеги од двете земји, Питер Меккеј и Роберт Гејтс, а во Отава треба да има и обраќање на генералното собрание на Асоцијацијата на Атлантскиот договор. Вчера, генералниот секретар на трансатлантскиот сојуз, Јап де Хоп Шефер, изјави дека во моментов нема гаранција дека алијансата ќе ги повика државите од ЈИЕ да му се приклучат на воениот сојуз, најавувајќи дека можното приклучување на државите од Западен Балкан во НАТО ќе биде една од главните теми на самитот на алијансата во април наредната година.