1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Елементарна економија

Притворањето на Јоханес Фелдмаер, човек од најтесното раководство на германскиот концерн Сименс, поради проневера и затајување данок, во Германија повторно ја разгоре дебатата за тоа колку е корумпирана економијата во земјата.

default

Германија АГ, ако се направи споредба во меѓународни рамки стои релативно добро и носи релативно чиста кошула. Според листата на организацијата за борба против корупцијата, Транспаренси Интернешнл, Германија е на 16 место од вкупно 160 држави. Значи во 144 држави се подмитува повеќе отколку што тоа се прави во Германија. И, на оваа позиција, Германија е веќе неколку години, едно место подолу или погоре.

Во сиромашните земји во развој постои поголема корупција, во западните индустриски земји подмитувањето е помало – гласи генералната оценка. Но, кога ќе се погледнат насловите од последните месеци, човек останува во дилема. На насловните страници, во врска со оваа тема, се појавуваа претпријатија како БМВ, Дајмлер Крајслер, Сименс, Карштад, Ауди и Фолксваген. И, сите тие имаат нешто заедничко – сите се големи германски претпријатија и сите мора да се борат со обвинувањата за корупција во нивните раководства.

Листата на познати случаи на корупција и на познати фирми може да се продолжи, а тоа сепак ќе биде и натаму само врвот на една цела планина: “Со оглед на лавината случаи на корупција, не се може да се расчисти, а особено не да се расчисти докрај. Токму кај оваа деликвенција сивата зона е особено голема – од 100 случаи за кои постои сомневање за корупција, се расчистуваат најмногу пет.“

Ова го говори франкфуртскиот обвинител и експерт за корупција, Волфганг Шаупенштајнер. Во моментов тој има полни раце работа во случајот со непознатите патишта на парите од Фолксваген до една фирма задолжена за транспорт на неговите возила. Постои сомневање дека фирмата Фаурециа ги поткупила менаџерите на Фолксваген и Ауди. Се говори за поткуп од 600 до 800 илјади евра. Поткупот во вид на пари или други подароци го има не само во приватното стопанство, туку центри на корупција има и во градежништвото, здравството или комуналните претпријатија. И, да не се заборават скандалите во јавните институции во кои главни актери се службеници или политичари. Раководните луѓе во претпријатијата, како што вели професор Ханс Зе, кој се занимава со стопанска криминологија, живеат во свој свет и често и работат така: “Тоа е едната страна на работите, што луѓето од овој слој се креваат над социјалниот контекст и веќе не размислуваат за последиците. Се продуцираат отровни нешта и потоа се продаваат во светот, притоа мислејќи само на економската полза за претпријатието. Тие луѓе се исчистени од сите политички апсекти се практикуваат такаречи економија во најелементарна смисла на зборот, која нема веќе нема ништо со политиката.“