1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Електровелосипеди на патот!

Велосипедот никогаш не бил така удобен – доволно е да се свртат педалите и електромоторот веќе помага во возењето. Превозното средство на две тркала не е евтино, но за многумина е незаменливо.

default

Претприемачот Волфганг Еберхарт вели: „Тоа е навистина одлично, човек вози по угорница без поголеми напори, како да му дува ветер во грб. Се чувствувам како Ленс Армстронг на Тур д’ Франс“. А Торбен Цифле, фотомодел, додава: „И спроти ветрот в лице, возењето е удобно, како некој да ме турка“. Торбен Цифле вози електровелосипед од фирмата Хоук од Берлин, која прави велосипеди по пример на оние од дваесетите години на минатиот век. Електровелосипедот, кој е тежок 25 килограми, чини 1.500 евра. Моторот добива струја од малиот акумулатор и со помош на регулатор може да се подеси колкава сила ќе дава.

Во 2015 секој трет Германец – на електровелосипед

ErockIT Elektrofahrrad

Електровелосипедот чини околу 1.500 евра

Лоренц Хозер од фирмата Хоук Бајкс вели: „Растот на продажбата е условен со тоа што техниката напредуваше и овозможува соодветен дизајн. Порано батериите беа големи и тешки, а денес се лесни и силни. Организациите за заштита на животната средина како што е „Екстра енерџи", во некои градови, како на пример во Штудгарт, основаа здруженија на љубители на електровелосипеди. Стручњаците проценуваат дека веќе од 2015 година, секој трет Германец ќе вози електровелосипед.

Може да претрка и Порше

На пример, Волфганг Еберхарт од неодамна го остава својот автомобил пред вратата на куќата и со електровелосипедот оди на работа: „Возењето ми претставува задоволство, бидејќи не е напорно. Не морам многу да се напрегнувам за да би го претркал на семафор возачот на Порше", вели Еберхарт. Стандардниот електовелоспиед се третира како обичен велоспиед и електромоторот се исклучува на брзина од 25 километри на час. Кој ќе набави регистарска тебличка може да го вози како мопед со брзина од 40 км/ч. Полн акумулатор овозможува возење до 50 километри.

Автор: Герд Зонлајтнер / Ана Алибегова

Редактор: Александра Трајковска