1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Електровелосипедите доаѓаат

Се викаат „Црн лебед“, „Турбо“ или „Рикошет“ - новите електровелосипеди (E-Bike) не се само со нови имиња, туку се сосема променети. И-бајкот е вистински продажен хит.

Опасни вратоломии со E-Bike што вози со брзина од 80 километри на час се нешто што не треба да се имитира. Бјорн Гертеис, експерт за E-Bike вели:

„E-Bike веќе не е велосипед за генерацијата 60-плус, туку за секого.“

Електровелосипедите доживеаја промена на имиџот и од страна на производителите на автомобили се откриени како нова гранка. Покрај Ауди, E-Bike во асортимaнот имаат и Лексус, Опел или Форд. Главно станува збор за прототипови. Новинарот Бјорн Гертеис го набљудува развојот во браншата три години.

„Автомобилските фирми имаат солидно ноу-хау, знаат како се прават автомобили, како се прави мотор на согорување, како да се произведат возила на четири тркала, така што воопшто не е тешко тоа да се примени за велосипед. Автопроизводителите следат и друга цел - електромобилноста, за нив, перспективно погледнато, е поле кадешто мора да станат активни.“

Flash-Galerie Merkel Eröffnung Energieeffizienzhaus EHP Berlin

Елктровелосипедите функционираат вака: моторот се придвижува со помош на батерии, а тој потоа го олеснува возењето. По потреба тој запира, кога ќе се придвижат педалите. Кај повеќето модели моторот овозможува брзина до 25 километри на час. Но зависно од типот на моторот, велосипедите можат да достигнат брзина дури и до сто километри на час. Поради лесното управување, електровелосипедите се се‘ поприсутни на германските улици.

Еден од сопствениците на E-Bike вели: „Можам да се искачам на секоја угорнина, никогаш не сум испотен, можам да минам долги патеки многу бргу и секогаш доаѓам удобно на работа. Колегите, кога времето е топло, ми завидуваат.“

Elektrobike Fahrrad e-Jalopy

Продавниците за велосипеди се ориентирани да одговорат на се‘ поголемата побарувачка. Добрите модели се продаваат по цена од 1.500 евра нагоре. Јоахим Мајер, раководител на Велосипедски центар Леонберг оценува: „Имаме ученици, студенти, самохрани родители, луѓе што се сингл - сите возат E-Bike. Обртот во меѓувреме изнесува 35 проценти и тој во наредните години уште повеќе ќе се зголемува.“

Втор тренд е што дизајнот станува се‘ поелегантен. Многу електровелосипеди на прв поглед изгледаат како сосема обични велосипеди. Се‘ е потесно, дури и батериите. Но сосема без струја не оди:

„Главен елемент не еден E-Bike е батеријата, без нејзе не може да се вози. Полнењето на батеријата трае два до четири часа. Тогаш имате доволно енергија за 40 километри. Што се однесува до цената, тука е извонредно. Многумина знаат дека на бензинска пумпа, кога застанувате со автомобилот, брзо се трошат сто евра. За да се наполни батеријата на E-Bike пак, зависно од понудувачот на струја, се трошат 10 до 20 центи“, вели Гертеис.

И моделот на германско-иранскиот архтект Хади Техерани има малку нешто заедничко со електровелосипедите од првата генерација. Развојот на моделот траел една година. Досега има 200 вакви велосипеди: „Фокусот беше ставен врз изработка на чист велосипед. Не сакавме мутација меѓу велосипед и моторцикл. Мораше задолжително да остане велосипед, елегантен, чист велосипед, каде моторот е интегриран во предното тркало.“

Flash-Galerie Elektro-Fahrrad

Електровелосипедот на Хади Техерани, кој чини околу 3.000 евра, живее од деталите - неупадлив индикатор на состојбата на батериите и... синџир со заштита која спречува прскање на ногавиците. Невообичаено - батеријата се наоѓа на управувачот.

„Најдовме решение - батериите да се сместени во актовка, која навечер се зема дома и таму батериите повторно се полнат“, објаснуа Техерани.

Сосема нов е и моделот на Смарт, кој во продавниците треба да дојде деновиве (средина на јуни) и е првиот E-Bike на еден автопроизводител кој оди во сериско производство. Брзината му е 25 километри на час и треба да претставува спортска алтернатива за возењето автомобил в град.