1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕК ќе донесе одлука за забрана за извоз на месо од Британија

*

Европската Комисија денеска ќе донесе одлука да го забрани извозот на свежо месо, живи животни и млечни производи кои доаѓаат од целиот британски остров, по појавувањето на болестите шап и лигавка кај добитокот. Забраната ќе биде на неодредено време. Портпарол на Комисијата, Филип Тод изјави дека одлуката ќе биде конечно формулирана во текот на денов. Властите во Велика Британија пак сметаат дека болеста нема да се прошири. Според досегашните сознанија предизвикувачот на вирусот потекнува од лабараторија која се наоѓала во близина на фармата. Од лабораторијата демантираат дека имало пробив во нивниот безбедносен систем. Истрагата за причините за болеста се се уште во тек.