1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕК ја поздрави иницијативата на Јанша

*

ЕК ја поздравува иницијативата на словенечкиот премиер Јанез Јанша, изјави денеска портпаролот на Комисијата Јоханес Лајтенбергер, но не коментираше каков би бил евентуалниот одговор на неговото писмо испратено до претседателот Барозо. Јанша во писмото побара Македонија да добие поголема поддршка со тоа што ќе и се определи датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Словенечкиот премиер, се залага и за тоа Србија што побргу да стекне статус кандидат за членство во ЕУ, и тоа веќе во наредните месеци ако Белград ги исполни потребните услови. Јанша во писмото истакнува дека доделувањето на статусот не треба да се условува со процесот на решавање на иднината на Косово. Словенија го презема претседателството со ЕУ од први јануари 2008-ма година.