1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕК: Хрватска е подготвена за членство во ЕУ

Хрвтска во јули годинава треба да стане 28 земја членка на ЕУ. Пред пристапот земјата мораше да спроведе голем број реформи. Комисијата на ЕУ за тоа најде пофални зборови, но бара натамошни резултати.

Хрватска, според гледиштето на Европската комисија, е подготвена на 1. јули да стане 28. земја членка на Европската унија. Земјата ги спроведе десетте главни услови за пристап, соопшти денеска Комисијата во Брисел, претставувајќи го својот нов извештај за напредокот. Хрватска „покажа волја и способност сите обврски, кои не беа исполнети, да ги реализира навреме пред пристапот“. „Оттука Комисијата заклучува дека Хрватска на 1. јули 2013 година е подготвена да пристапи кон Евроспката унија“.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле го поздрави извештајот. Тој е уверен дека Бундестагот при советувањата за пристапот на Хрватска „на вистински начин ќе ги земе во предвид позитивните проценки на Комисијата“. „При преговорите за пристап за Хрватска немаше попусти“, рече Вестервеле. Истовремено е важно што владата во Загреб се изјасни дека нема да попушти со реформите и по пристапот на земјата во ЕУ.

Во извештајот на Комисијата пред се’ стана збор за политиката на конкурентноста како и состојбата со правосудството во балканската држава. Хрватска ги исполнува европските стандарди по однос на монополското право, фузиите и државната помош. Правните рамки се натамошно подобрени, пред се’ во поглед на ефикасноста на правосудството.

Во борбата против корупцијата Комисијата побара натамошно ангажирање. Правните и институционалните рамки за борбата против корупцијата и организираниот криминал се оценуваат како „адекватни“. Одговорните власти делувале, но висината на казнените мерки во овие области и натаму била „слаба“. „Ефикасни и застрашувачки казни се неопходни во случаите со корупција, голем криминал и организирани злосторства“, забележува Комисијата на ЕУ. Само на тој начин би можело да биде постигнат напредок. Воените злосторства од 90-тите честопати останаа неказнети, опоменува Комисијата на ЕУ.

Бриселските власти пофални зборови најдоа за почитувањето на човековите права, а исто така и законодавството, на пример, против дискриминација бележи напредок.

Договорот за пристап во ЕУ со Хрватска беше потпишан во декември 2011 година. Германскиот Бундестаг и други парламенти мораат да го одобрат пристапот.