1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕК спроведе рации во неколку големи нафтени концерни

Поради сомневање за манипулации со цената на нафтата, Европската комисија спроведе рации во повеќе концерни за нафта во две земји членки на ЕУ, а се набљудува ситуацијата во уште една европска земја која не е член на ЕУ.

Во повеќе концерни за нафта, био-гориво и нафтени деривати се спроведени рации. ЕУ-властите за заштита на конкуренцијата извршија претрес во нафтени концерни во три земји. Постои сомневање дека фирмите се договаралеи манипулирале со висината на цената преку Агенции за цена на нафтата.

Рациите се спроведени во две држави на ЕУ и една земја од европскиот економски простор, значи ЕУ вклучително и Норвешка, Исланд или Лихтенштајн. Нема детали за кои земји станува збор. Концерните Шел и БП потврдија дека кај нив се спроведени рации. Се нагласува дека се соработува „целосно“ со Европската комисија, но други детали не се наведуваат. Агенциите за цена на нафтата, врз основа на податоците на трговците со суровини, ја формираат цената на нафтените производи. Ваквите цени важат како основа за договорите тешки милијарди евра во тргувањето со нафтени производи и деривати.

ЕК се сомнева во илегално договарање на цените

Symbolbild Preisabsprache Tankstelle Benzinpreis Preis Benzin Diesel

Европската комисија се сомнева дека фирмите можеби се договориле на една Агенција за цени да и‘ дадат некоректни цени за „цела низа нафтени производи и био-гориво“. Освен тоа, според сомневањата, тие наводно влијаеле за други фирми да не учествуваат во оформувањето на цените од страна на Агенцијата за цени. Такво однесување значи прекршување на правилата за слободна конкуренција. Дури и мали отстапувања би можеле да имаат „огромно влијание“ врз цените на суровата нафта и рафинираната нафта и со тоа да им се нанесе штета на потрошувачите.

Рациите, како што се нагласува, се само прв чекор и не значат дека концерните навистина и ги договарале цените.