1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕК сака целосно укинување на визниот режим за Балканот?

*

Европската комисија најавува почеток на преговори за целосно укинување на визниот режим со земјите од Западен Балкан, се дознава од дипломатски извори во Брисел. Според нив, тоа во вторник ќе го обелодени еврокомесарот за проширување Оли Рен при презентацијата на „Стратегијата за проширување на ЕУ и главните предизвици за 2008 година“. Во Стратегијата пишува дека Комисијата смета оти е време да дојде до целосно укинување на визите, а до остварување на целта се предлага отворање дијалог со секоја од засегнатите земји за да се договорат условите кои треба да се исполнат. Брисел планира и зголемување на местата за студирање за студентите и поздипломците од Југоисточна Европа. За идната година таква можност ќе добијат стотина студенти, а по 2008 година ќе се оворат места за 500 кандидати годишно.