1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕК размислува да замрзне до 80 милиони евра за Хрватска

Во натегањата со Хрватска околу законот за испорака на осомничени тешки злосторници во Брисел Комисијата на ЕУ подготвува санкции.

Европската комисија почна процес на консултации со земјите членки за активирање на заштитните мерки поради хрватскиот закон за европските налози за апсење.

Комисијата предлага зајакнат мониторинг и суспензија на средствата за подготовка на Хрватска за влез во Шенгенскиот простор. Земјите членки имаат десет дена да се изјаснат по ова прашање, по што на Хрватска ќе и бидат одредени санкции, освен доколку во овој период не го промени законот и изврши негово усогласување со европските стандарди.

Според информации на дипломати за наредната година би можело да бидат замрзнати до 80 милиони евра средства за унапредување.

Комисијата на ЕУ имено со ова сака да изврши притисок врз Хрватска поради спорниот закон „Лекс Перковиќ“. Овој закон беше усвоен од Парламентот во Загреб кратко пред влезот на земјата во Унијата на 1. јули годинава. Законот го штити поранешниот шеф на тајните служби Јосип Перковиќ како и уште 20 други лица од екстрадиција.

Хрватската Влада, според најавите на премиерот Зоран Милановиќ, се очекува на седницата закажана за утре да расправа за измените на спорниот закон, по што ќе биде проследен до Парламентот.