1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕК: Проширувањето не запре

Комисијата на ЕУ денеска ги објави извештаите за напредок на земјите кои се стремат да станат членки на Унијата. Бриселските дипломати ја фалат и ѝ забележуваат на Србија. Од Албанија се бараат дополнителни напори.

Европската Комисија во годинешниот извештај ја фали и упатува забелешки до Србија на сметка на европските реформи. Главниот заклучок за оваа земја е како и до сега дека ЕУ треба да ги почне преговорите за членество со Белград најдоцна во јануари 2014 година. Ова беше и став на Европскиот совет од јуни годинава.

Кога станува збор за Србија и Косово во извештајот се истакнува дека е од најголема важност да се продолжи започнатиот дијалог за нормализација на односите Беглрад-Приштина, уредно да се одржат ноемвриските избори на Косово, бидејќи тоа било „услов над сите услови“ за натамошен напредок на двете страни кон ЕУ, се вели од Брисел.

Србија, произлегува од документот на ЕК, остварила напредок во престројувањето на правосудството и постојано вложува напори за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, но на властите во Белград им се замерува дека тоа на терен сепак споро делува.

ЕК укажува и на општата болка на сите западнобалкански земји и Турција, а тоа е и натаму тешката положба особено на независните медиуми, со „политичко влијание“ врз нив или „ матна сопственост“ кај средствата за информирање, од што произлегува дека новинарите немале права на слобода на информирање и подлежеле на притисоци и закани.

Stefan Füle EU-Kommissar für Erweiterung und Europäische Nachbarschaftspolitik

Комесарот за проширување Штефан Филе

Кога станува збор за земјите од регионот, во извештајот на ЕК се наведува дека Црна Гора добро напредува во преговорите за членство со ЕУ, но треба да покаже дополнителни резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Земјата, според ЕК, постигнала напредок во воспоставувањето на пазарната економија, ги подобрила можностите за исполнување на ветувањата дадени пред ЕУ и има голем степен на задоволувачки политички показатели за членство во Унијата.

Што се однесува до Албанија Комисијата препорачува земјата да добие статус на кандидат за членство во ЕУ со ветување за продолжување на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Албанија има добри успеси на патот кон членство со извршени неопходни промени. Државата покажува добри податоци за истрага и осуди на пројави на корупција и акции против организиран криминал, се вели во документот. Овогодинешните избори за парламентот биле добро организирани и спроведени. Албанија има потреба за дополнителни напори за исполнување на политичките показатели за членство во Европската унија.

Босна н и Херцеговина е во застој околу реформите и потребите своите институции на власта да ги прилагоди за делотоврен напредок кон Европската унија.

За Kосово се нагласува дека тамошните власти активно учествувале во дијалогот со Белград, поради што Комисијата дала согласност за почеток на преговорите за потпишување на ССА. Косово покажа готовност и во процесот за исполнување на критериумите за влез во ЕУ, особено во областите на владеењето на правото, јавната администрација, заштитата на малцинствата и трговијата, се додава во извештајот.

Европската комисија укажува на тоа дека со влезот на Хрватска во ЕУ докажува дека политиката на проширување на Унијата не е во застој. Како охрабрување се оценува и продолжувањето на преговорите на ЕУ со Турција, иако постојат видни забелешки околу политиките на турските власти кои не одат во прилог на јакнење на демократијата.

Единствена земја која практично самата се откажа од намерата да стане членка на ЕУ е Исланд, но оваа земја веќе е вградена во економскиот простор на ЕУ и нејзиното законодавство е во најголема мерка усогласено со прописите на 28 земји членки на ЕУ.