1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕК препорача преговори со Црна Гора

Европската комисија препорача отворање пристапни преговори со Црна Гора во јуни годинава.

Во извештајот објавен на сајтот на Комисијата е констатиран напредок на Црна Гора во владеењето на правото, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Оценето е дека Црна Гора достигнала потребно „ниво на усогласеност“ со критериумите за членство за да почне пристапни преговори. Конечната одлука за отворање на преговорите треба да донесе Советот на ЕУ на крајот на јуни.

Преговорите со Црна Гора би требало да бидат отворени со поглавкјата 23 и 24, коишто се однесуваат на областите владеење на правото, безбедност и темелни слободи, што е нова пракса на ЕУ во политиката на проширување.