1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕК пред суд-среде криза ќе ги зголемува платите на службениците!

Непопуларна е мерката во време на криза да се зголемуваат платите на службениците во европските институции, кои и онака имаат многу високи примања. Но, Европската комисија настојува да ги зголеми платите за службениците.

default

Пред крајот на 2011-та година се заострува спорот меѓу владите од земјите-членки на ЕУ и Европската комисија за месечните примања на околу 50.000 службеници на ЕУ. Владите одлучија да ја тужат Европската комисија пред Европскиот суд, бидејќи таа и покрај економската криза предложи зголемување на платите на своите службеници за 1,7 проценти. Намерата членките на ЕУ да поднесат тужба против Комисијата е потврдена и официјално во Брисел.

Зголемување или замрзнување на платите на службениците?

Symbolbild Finanzen Finanzanalyse Taschenrechner

Владите од земјите членки на ЕУ сметаат дека при пресметките платите треба или да се замрзнат или, пак, минимално да се зголемат

Владите од 27-те земји-членки во декември 2010-та година и во ноември 2011-та година ја повикаа Европската комисија да се повлече од вообичаените пресметки за зголемување на платите. Членките побараа од Комисијата да се повика на правото на исклучителен случај, кое важи во време на криза, и да ги замрзне или, пак, само минимално да ги зголеми платите на европските службеници.

Аргументите на Европската комисија се дека примената на одредбата за исклучителен случај не може да се примени во однос на платите и дека не е оправдана. Зголемувањето за номинални 1,7 проценти значи истовремено губење на куповната моќ за околу 1,8 проценти. Имено, годишното пресметување на платите на службениците вработени во институциите на ЕУ се ориентира според куповната моќ во осум земји: Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Холандија, Шпанија, Белгија и Луксембург.

Спор за платите на службениците на ЕУ имаше уште минатата година. Европскиот суд во ноември одлучи дека службениците на ЕУ имаат право на зголемување на примањата од 3,7 проценти за 2009-та година. Со тоа судиите ги отфрлија настојувањата на владите од земјите-членки да го преполоват зголемувањето на платите поради економската и финансиска криза.

Го губи ли Европската комисија чувството за реалност?

Wochenrückblick Welt KW 48 Iran Flash-Galerie

Зголемувањето на платите на службениците на ЕУ покажува колку е голема потребата од реформи во Унијата

Европската комисија е обвинета дека го загубила чувството за реалност, како и дека зголемувањето на платите на европските службеници не е во согласност со реалната состојба во земјите-членки. Критичарите предупредуваат дека токму оваа актуелна тема укажува колку е голема потребата за реформи во управувањето со ЕУ, во кое на сила се привилегии, коишто далеку ги надминуваат оние националните. Усогласувањето на статусот на европските службеници треба да се искористи за отстранување на прекумерните привилегии и да ги врати нив на соодветно ниво.

Во поединечни земји-членки на европските институции им се порачува и на нивните вработени да ги намалат додатоците, да го реформираат пензискиот систем, како и одредбите за одење во предвремена пензија. Доколку Европската комисија и понатаму не сака да го прифати разгледувањето и реформирањето на системот, тогаш поединечни земји-членки, како што најавија, сериозно ќе размислат за намалување на своите уплати во буџетот на ЕУ, како и дека ќе го намалат финансискиот ангажман на среднорочен финансиски план.

Автор: Ален Леговиќ / Александар Методијев

Редактор: Жана Ацеска