1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕК: Паѓа брутодомашниот производ на Западен Балкан

Европската комисија оценува дека од почетокот на годинава дошло до забавување на економиите на Западен Балкан, па забележан е пад на брутодомашниот производ од над 1 процент. Во истиот период меѓутоа паѓа и инфлацијата.

Во детална економска анализа, која на увид ја имала агенцијата Бета, е наведено дека „повторната слабост во некои земји на Западен Балкан може да има привремен белег, со оглед на тоа што е одраз на влошените меѓународни прилики и состојбата во ЕУ, како и поради влијанието на лошите зимски услови врз производствоо и увозот.“

Во државите од Западен Балкан, освен Македонија, е влошен тековниот платен биланс, што е последица на падот на извозот и делумно зголемувањето на увозот, а во поголемиот дел од земјите е зголемен и бројот на невработени и буџетскиот дефицит, наспроти напорите за кратење на трошоците.

Во првото тромесечје од оваа година брутодомашниот производ во Македонија паднал за 1,4 проценти, во Србија за 1,3%, што е случај и во Хрватска. Во предвидувањата за иднина, единствено за Хрватска се предвидува рецесија и пад на БДП од 1,2 проценти годинава. За Македонија се предвидува раст од 1,7%, за Црна Гора раст од 0,4%, додека за другите земји нема проценки.

Најнеповолна е ситуацијата со невработеноста во регионот. Притоа, убедливо најмногу невработени има во Босна и Херцеговина - 44,1%, по што следува Македонија со 31,6 проценти. Невработеноста во Србија годинава ќе достигне 23,4 проценти, во Црна Гора 13,6, а во Албанија 13,3 проценти. За Косово нема податоци.