1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕК официјално ќе го соопши извештајот за Македонија

*

Европската комисија денеска во Брисел официјално ќе го објави извшетајот за напредокот на Македонија. Уште сега е познато дека извештајот не содржи датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Во извештајот на комисијата најмногу забелешки има за работата на правосудството и јавната администрација како и за парламентот. Во Скопје шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, Ерван Фуере ќе го презентира извештајот за напредокот на Македонија во измината година на средбите со претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски.

Покрај редовните извештаи за напредокот на земјите кандидати и потенцијални кандидати yа членство, комсијата денеска ќе објави документ за стратегија на проширување и главните предизвици за наредната година.