1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕК загрижена поради пречките за светската трговија

Европската комисија изрази загриженост поради пречките со кои се соочува светската трговија. Протекционизмот е тема на самитот на Групата 20 во Санкт Петербург, што почнува в четврток (05.09).

Во текот на изминатата година се воведени 150 нови трговски ограничувања, а укинати се само 18 од постоечките пречки за светската трговија, се вели во извештајот на Европската Комисија, објавен денеска (02.09) во Брисел.

„Вознемирува тоа што постојано се воведуваат нови мерки со кои се ограничува трговското работење, а практично не се укинува ниедна“, изјави еврокомесарот за трговија Карел Де Гухт.

Containerterminal Hamburg

Трговскиот протекционизам е на дневен ред на самитот на Групата 20 на најважните индустриски земји и земји во забрзан подем што почнува в четврток во Санкт Петербург. Притоа, на масата ќе седат и претставници на земји како Русија, Бразил, Аргентина и Индонезија, кои во извештајот на Европската Комисија се означени како лоши примери.

Откако ЕК во октомври 2008 година почна да ги надгледува трговските ограничувања, таа регистрираше 700 нови мерки. Трендот во последните две години е во опаѓање, „но се преземаат постојано нови вознемирувачки чекори кои многу ја попречуваат трговијата“, се вели во извештајот на ЕК. Притоа, покрај царините, се наведуваат и принудата на користење домашни производи, што е случај на пример при јавни набавки, или поттик на извозот на домашните претпријатија.