1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕК е за забрзување на преговорите со Турција

Европската комисија ги поздравува знаците за можно забрзување на преговорите со Турција за приклучување кон ЕУ, кои се во застој.

„Земјите членки одлучуваат за брзината и напредокот на преговорите за приклучување“, изјави денеска (25.02) портпарол на Европската комисија во Брисел, коментирајќи ги изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел дека треба да се отвори ново поглавје во преговорите. Меркел вчера и денеска е во посета на Турција.

„Го поздравуваме напредокот на земјите членки во преговорите со Турција“, изјави портпаролот.

Од вкупно 35 поглавја во преговорите за приклучување кон ЕУ, досега со Турција се отворени само 13, а од нив сам поглавјето за наука и истражувања е затворено.

Една од причините поради кои преговорите се во застој е одбивањето на Турција да ги отвори своите пристаништа и аеродроми за сообраќај со Кипар. Европската комисија упати уверување дека ќе му даде поддршка на новоизбраниот кипарски претседател Никос Ансатасијадис во барањето решение за конфликтот околу северниот дел на Кипар.