1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕК демантира дека Грција ќе излезе од монетарната унија

Европската комисија од Грција бара брзо да дејствува, затоа што земјата заостанува во спроведувањето на неопходните реформи. Истовремено, се демантира дека Грција ќе излезе од еврозоната.

Европската комисија денеска (23.07) ги отфрли шпекулациите за можно излегување на Грција од еврозоната. Грција мора и ќе остане во монетарната унија, изјави портпарол на Европската комисија во Брисел.

Одлуката за исплата на наредните транши од кредитите за помош ќе падне во септември. Дотогаш земјата има обезбедено финансирање. Портпаролот на ЕУ не сакаше да ги коментира медиумските извештаи според кои ММФ не сака веќе да и‘ дава поддршка на владата во Атина. Дебатата околу излегување на Грција од еврозоната особено интензивно денеска се води во Германија, по вчерашните изјави на министерот за стопанство Филип Реслер дека излегување на Грција од еврозоната „одамна не е нешто што предизвикува страв“.