1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕК го поздрави македонскиот одговор на грчкиот меморандум

Европската комисија го поздрави одговорот на македонската Влада на грчкиот Меморандум за разбирање. Тоа придонесува за подобрување на соседските односи меѓу двете земји, се вели од Брисел.

Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, денеска (07.11) посочи дека Комисијата ја поздравува размената на мислења меѓу Македонија и Грција.

„Тоа придонесува за подобрување на соседските односи меѓу двете земји. Како што знаеме, за прогрес во спорот за името е потребен констурктивен дијалог и заедничко разбирање. Токму затоа ја поздравуваме оваа размена на мислења меѓу Поранешната југословенска Република Македонија и Грција“, истакна Стано на денешниот редовен брифинг со новинарите во седиштето на Европската комисија во Брисел.

На прашањето на дописникот на МИА како ЕК го коментира ставот на бугарските власти за блокирање на почетокот на пристапните преговори за членство на Македонија во Унијата, гласноговорникот на Филе со одговор дека неговиот шеф веќе одговорил на ова на заедничкиот минатонеделен прес со бугарскиот министер за надворешни рбаоти Николај Младенов во Софија.

За потсетување, Филе на средбата со новинарите во главниот град на Бугарија изјави дека е убеден дека преку конструктивен дијалог и заедничко разбирање може да се постигне вистински прогрес во врска со отворените прашања меѓу Македонија и Бугарија.

„Движењето напред на патот во пристапните преговори ги храбри реформите, ги засилува меѓуетничките односи и креира клима за развој и засилување на добри односи со сооседите. Гледаме напред во продолжувањето на заедничката работа со Бугарија на овој важен европски проект“, порача Филе во Софија.