1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕК: Власта и опозицијата да го обноват дијалогот

ЕК е загрижена по напуштањето на парламентот од страна на главните опозициски партии. Дијалогот треба да се одвива во рамки на институциите, изјави портпаролот на еврокомесарот Штефан Филе, Наташа Батлер.

default

„Сите политички партии треба да работат заедно на реформите во земјата, за да осигураат дека земјата напредува кон Европската Унија и кон интеграција во Европската Унија. Жалиме што последните случувања не одат во насока на зајакнување на политичкиот дијалог и ги повикуваме сите политичари од власта и опозицијата во земјата да работат заедно за да го обноват дијалогот, за да осигура се соодветно функционирање на парламентот.

Членовите на парламентот имаат своја улога што треба да ја извршат во тој парламент и земјата мора да се врати на начинот на кој нејзините институции функционираат и да осигура дека функционираат соодветно, што е можно побрзо“, изјави портпаролот Наташа Батлер денеска (31.01) на редовната прес-конференција.

Европската комисија во Скопје испратила специјален претставник кој ја следи состојбата со А1 телевизија, но досега комесарот за проширување Штефан Филе немал директен контакт со претставници на власта или на опозицијата во земјата.

Батлер изјави дека фундаментален принцип за секоја држава е медиумите да бидат слободни и да можат нормално да функционираат. ЕК бара правната постапка во врска со А1 да се води на објективен и независен начин и да се осигура непречено функционирање на сите медиуми.

Автор: Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM