1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕК бара од Македонија и Косово да се придржуваат до ЦЕФТА

Во Брисел не најавуваат директно вмешување за надминување на спорот и ги повикуваат двете земји да си ги почитуваат преземените обврски согласно договорот за слободна трговија

Официјален Брисел реагира на македонско- косовскиот судир со вчерашното воведување мерка за ограничен увоз на одредени производи од Македонија. Европската комисија денеска побара сите страни во овој судир, што прераснува во целосно ембарго на официјална Приштина за македонските производи, и патни такси за Косоварите при влез во Македонија, да се држат до обврските преземени во рамки на Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА).

„Ние се стремиме кон појаснување на неодамнешните пријавени мерки и очекуваме сите страни да ги почитуваат своите обврски во рамките на ЦЕФТА, рече портпаролот на Комисијата, Петер Стано. Според македонските власти, условениот увоз на брашно што го воведе нашата земја, а за што е реакцијата од Косово, не е воведена кон оваа поранешна српска покраина, туку кон сите земји од ЦЕФТА и таа е во согласност со правилата на оваа меѓународна организација.

Гласноговорникот на Европската Комисија не сакаше да влезе во детали дали ЕУ ќе се вмеша подиректно со цел надминување на спорот меѓу Македонија и Косово, но јасно е дека Брисел одблиску го следи развојот на настаните и посакува нивна позитивна разрешница.

Косовските државјани, од ноќеска на полноќ плаќаат надомест по 2 евра за влез во Македонија, за автомобилите се наплаќа 5 евра, а за автобусите и транспортерите по десет евра. Мерката е донесена од македонската влада како одговор на едностраната мерка од косовска страна со која се забранува увоз на десетина македонски производи.