1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Екс-шефот на албанското разузнавање осуден за убиство

Албански суд го осуди во отсуство поранешниот шеф на раузнавањето Илир Кумбаро за убиство во 1995. година на приведено лице, осомничено за ковање заговор за убиство на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров.

default

Тирана

Кумбаро, кој се наоѓа во бегство, е осуден на 15 години затвор.

Жртвата, бизнисменот Ремзи Хоџа, Албанец од Македонија, бил киднапиран од тајната полиција пред 17 години заедно со други двајца осомничени за планирање на убиство на тогашниот македонски претседател Глигоров.

Според судот тројцата осомничени нелегално биле држени и измачувани за време на сослушувањето. Хоџа не бил пронајден и се претпоставува дека починал за време на притворот. Другите двајца осомничени биле ослободени, откако биле задржани цела недела. Против нив се покренати обвиненија за ковање заговор за убиство на Глигоров.

Кумбаро успеал да избега во 1996. година со фалсификувани документи во Велика Британија, тврдејќи дека е бегалец од Косово. Неговата локација е непозната веќе една година, откако не се појави на сослушувањето за екстрадиција во Лондон.