1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Екс функционерот Бо Силаи осуден на доживотен затвор

Се бореше до крај, но казната е онаква како што се очекуваше-поранешниот член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, Бо Силаи, е прогласен за виновен по сите точки на обвинението и осуден на доживотен затвор.

Уште пред да падне пресудата, Бо Силаи на своето семејство му напиша: „Ќе чекам мирно в затвор“. Казната што ја доби за него не беше изненадување. Можна беше и смртна казна, но судот донесе поинаква одлука. Правните експерти претпоставуваа дека Бо Силаи нема да биде осуден на смрт, поради тоа што тој е се‘ уште омилен кај делови од населението со својата левичарска социјална политика, па не е во интерес на Коминистичката партија од него да направи маченик.

Бо Силаи не губи надеж

Бо лично се гледа себеси, исто како и неговиот легендарен татко, како политички прогоненик. „Татко ми повеќе пати беше в затвор. Јас продолжувам по неговите стапки“, напиша Бо во писмото пред објавувањето на пресудата и истовремено уште еднаш ги отфрли сите против него подигнати обвиненија.

Бо важеше за носител на надеж во Комунистичката партија. Со својот популистички стил доби голем број приврзеници, но тоа на дел од партиското раководство му беше трн в око. Минатата година мораше да се откаже од сите функции поради обвинувања за корупција, а во ноември 2012. беше исклучен од партијата Тој е обвинет за земање мито и злоупотреба на службената должност.

Бо Силаи потекнува од влијателна кинеска фамилија. Неговиот татко Бо Јибо беше револуционерен водач и подоцна беше еден од „осумтемина бесмртни“ на Комунистичката партија. Тој беше два пати заворан од страна на националистите пред комунистите да ја преземат власта во 1949 година. Во текот на културната револуција Бо Јибо мина повеќе од десет години во затвор. На крајот на 1970-тите повторно се искачи до најтесниот раководен круг луѓе околу Денг Ксијаопинг. Почина во 2007 година, на 98-годишна возраст. Мајката на Бо Силаи, според официјални наводи, извршила самоубиство за време на културната револуција. „Татко ми и мајка ми се мртви, но нивните поуки ми се од голема помош“, напиша Бо Силаи во писмото од затвор.

Процесот против Бо, во текот на кој тој се бранеше борбено, во Кина беше следен со големо внимание. Населението имаше можност да дознае многу детали за интригите на највисоко ниво и луксузниот живот на кинеските елити.