1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Екс-телохранителот на Бин Ладен - проблем за германските служби

Осомничениот поранешен телохранител на Осама Бин Ладен живее во Германија веќе осум години, каде ги шири своите радикални учења, но обидите на властите да го депортираат се неуспешни поради тоа што е оженет со Германка.

Веќе осум години домот на тунежанецот Сами А. е во Бохум. За неговите соседи во овој град во Северна Рајна Вестфалија тоа не е ништо невообичаено, но властите се сомневаат дека Сами А. е всушност опасен терорист.

Германските власти соопштија дека 36-годишникот Сами А. регрутирал млади муслимани во градот Бохум за „света војна“ откако минал извесен период во Авганистан и Пакистан пред нападите од 11. септември.

„Знаеме дека Сами А. бил во Авганистан и Пакистан кон крајот на 2000. каде најверојатно бил еден од телохранителите на Бин Ладен“, изјави портпарол на разузнувачката служба во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија.

„И разнузнувачките и безбедносните служби го следат внимателно уште од 2004. година. Го сметаме за опасен поради тоа што шири екстремистички погледи и се обидува да радикализира млади луѓе“, соопшти истиот извор.

Сами А. не е уапсен но е принуден да се јавува во полициска станица во Бохум секој ден од 2006. година наваму. Германските власти се обидуваат да го депортираат Сами А. во неговата татковина Тунис уште од 2006. затоа што го сметаат за опасен за националната безбедност, но не успеваат во тоа бидејќи е женет со Германка со која имаат три деца.

Двајца од следбениците на Сами А. и припаѓаат на четиричлената група која беше обвинета за членство во келија на Ал Каеда и завера за организирање

Prof. Dr. Stefan Reichmuth

Професор Штефан Рајхмут

напади во Германија. Нивното судење започна во јули годинава. Обвинителството тврди дека четворицата, на возраст од 20 до 30 години, планирале да изведат „невиден терористички напад“.

Бохум- центар на радикални исламисти

Германските медиуми јавуваат дека Сами А. им давал религиозни часови на двајца од обвинетите, кои пак биле задолжени за одржување на контактите на терористичката келија со Ал Каеда.

Сами А. бил редовен посетител на Калед џамијата во Бохум, но надлежните во овој верски објект тврдат оти нему му било забрането да држи проповеди поради радикалните ставови. Истата џамија пред нападите од 11. септември често ја посетувал и Зијад Џара еден од атентаторите.

Според експертите не е случајно тоа што Бохум се почесто се јавува како град во кој се шири радикалниот ислам. Во почетокот на 1970. години Бохум станува центар за прием на политички бегалци од исламските земји, вели Штефан Рајхмут, професор по ориенталистика и ислам на Универзитетот во Бохум. Тоа им овозможило на различни екстремистички проповедници да ги радикализираат муслиманските студенти.