1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Екс-премиерот на Исланд избегна затвор

Поранешниот премиер на Исланд Геир Хаарде не мора да оди в затвор поради банкротот на најголемите банки во земјата во 2008-ма година.

Специјалниот суд во Рејкјавик предуси дека 61-годишниот Хаарде е виновен само по една од четирите точки од обвинението. Според неа Хаарде тогаш пропуштил сеопфатно да ја информира владата за крахот на домашниот банкарски систем во налетот на глобалната финансиска криза. Меѓутоа, ова не беше доволно за да му биде изречена затворска казна. Во случај да беше прогласен за виновен по сите точки на обвинението на Хаарде му се закануваше затворска казна од две години. Тој поднесе оставка во јануари 2009-та година.

Според проценките, за време на светската финансиска криза банките во малата островска држава наталожија долгови, кои десеткратно го надминуваа Бруто-општествениот производ на земјата. Исландската валута - круната, претрпе огромни загуби во вредноста. На многу граѓани во Исланд им пропаднаа заштедите. Државен банкрот беше избегнат преку кредити во милијарди евра од другите скандинавски земји и од Меѓународниот монетарен фонд.

Обвинението го товареше Хаарде за голема небрежност, бидејќи не дејствувал за време на колапсот на трите најголеми исландски банки - Кауптинг, Ландсбанки и Глинтнир.

Поранешниот премиер постојано ги отфрлаше обвинувањата против него: „Дури по колапсот сите велеа дека можеле да видат дека се заканува такво нешто“. Хаарде беше единствениот политичар во Исланд кој беше обвинет за банкарскиот крах.