1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Екс-министерка за одбрана под сомнение за корупција

Поранешната чешка министерка за одбрана, Власта Парканова, актуелна потпретседателка на парламентот, е соочена со обвинувања за корупција.

Власта Парканова, една од најпознатите политичари во земјата, е соочена со обвинувања за корупција. Чешкиот парламент со големо мнозинство и‘ го одзеде имунитетот на 60-годишната заменик-претседателка на парламентот. Парканова е осомничена дека во времето од 2007-2009. година вршела местење на тендерите за купување на воени авиони за чешката војска и ги платила по повисоки цени.

Имунитетот на Парканова и‘ е укинат на барање на полицијата, која тврди дека со купувањето на шпанските авиони „Каса“ државата е оштетена со неколку десетици милиони евра.

Парканова пред гласањето за укинување на имунитетот изјави дека верува во докажување на својата невиност во судската постапка и ја доведе во прашање објективноста на полициската истрага. Таа веднаш по гласањето поднесе оставка на својата функција, потпретседателка на Долниот дом на парламентот.