1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ексхумирани остатоците на Арафат

Посмртните останки на поранешниот палестински претседател се ексхумирани по сомневањата дека тој бил отруен со радиоактивен материјал

Медицински експерти денеска го ексхумираа телото на поранешниот палестински претседател Јасер Арафат со намера да ги испитаат сомневањата дека причината за неговата смрт било труење со радиоактивна материја. Откако ќе бидат земени примероци, посмртните останки на Арафат веднаш повторно ќе бидат закопани. Се очекува резултатите од анализата да бидат познати во следните неколку денови, или најдоцна до крајот на годинава. Арафат почина во болница во Франција во 2004 година, а како официјална причина за смртта беше наведен мозочен удар.

Но, независна истрага спроведена од катарската телевизија Ал Џазира и швајцарски медицински експерти покажа дека на облеката на Арафат биле пронајдени траги од полониум, што наведе на сомневањата дека бил отруен. Вдовицата на Арафат бараше отворање истрага и дозволи ексхумација на телото.