1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Екстремна суша во САД - екстремни цени на житарките

Климатските промени предизвикуваат екстремни временски состојби ширум светот. САД се соочени со проблеми со жетвата поради суша. Цената на житарките на берзите дотигнува рекордни вредности.

Кризата на глобалните пазари за житарки се заострува. Пченката е скапа како никогаш порано, а цената на житарките е на највисоко ниво во последната година и половина. Покачувањето на цените е предизвикано од долгиот сушен период што ги зафати САД, кои имаат големо влијание врз светските пазари. Американското министерство за земјоделство во меѓувреме драстично ги корегираше надолу прогнозите за жетвата. Таму веќе една третина од пченкарните растенија се исушени. „Промена на времето не е на повидок“, вели Леон Лешу, експерт за суровини при Светскиот економски институт во Хамбург. „Ситуацијата со пченицата дополнително ја компликува сушата во Русија“. Малата понуда поттикнува пораст на цените.

Пченката изминатите недели поскапе за околу 70 проценти, пченицата за повеќе од една третина. Цените на аграрните суровини средноророчно и долгоорчно ќе се зголемуваат, оти расте и побарувачката. „Светското население

Ballaststoffe Getreide Körner

Цената на житарките достигнува рекорди на берзите

се зголемува, исто така расте и ризикот од неуспешни жетви поради климатските промени“. Со зголемувањето на благосостојбата во земјите во подем се’ повеќе луѓе таму почесто јадат месо и топли оброци. Тоа ја зголемува потребата од прехранбени производи. Во САД се’ почесто се слушаат гласови, генерално да се користи помалку пченка како био-суровина за моторните горива.

Хуманитарната организација Оксфам го критикуваше зголеменото шпекулирање со суровините на пазарите: „Тукушто се прошири веста за лошите жетви, се појавуваат шпекулантите и ги покачуваат цените“, вели експертот за аграр Марита Вигертхале, а пренесува „Шпигел“.

Финансискиот експерт Шмалхофер стравува дека ова ќе се одрази и во Европа и ќе предизвика поскапување. „Кога цените растат во САД, кратко потоа растат и во Европа“, вели Шмалхофер.