1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Екстремисти по игра на случајот?

Зошто младите стануваат екстремисти? Со ова прашање се занимаваa истражувачи на Германската криминалистичка служба. Одговорот е изненадувачки - не идеологијата, туку социјалните услови играат решавачка улога.

default

Дали некој ќе стане екстремист или терорист има малку врска со неговите особини - тоа е општо познато. Човек не е од раѓање десен радикал, екстремен левичар или исламист. Но, дека во процесот на радикализација на политички мотивираните насилници идеологијата игра маргинална улога, тоа е ново сознание. Токму до ваков заклучок доаѓаат истражувачите на Германската криминалистичка служба, БКА.

„Нашата студија покажува дека значителен фактор за радикализација е социјалната средина во која расте една личност. Идеологиите не претставуваат решавачки мотив“, вели Уве Кемесиес, раководител на службата за истражување на тероризмот во рамките на БКА. Во квалитативната студија „Погледот на другите“, се испитувани 30 осуденици поради политички мотивирано насилство од левата и десната екстремистичка сцена, како и од исламистичкото милје, како и деветмина нивни симпатизери. Истражувани се нивните индивидуални биографии, нивното прераснување во терористи. Важна улога, притоа, игра семејството:

„Лицата подолг период живееле во дисфункционални семејни структури, т.н „броукен хоум“ - ситуација. Значи, или раснеле само кај едниот родител, или подолг период

Symbolbild Terrorismus englisch

Студијата покажува дека значителен фактор за радикализација е социјалната средина во која расте една личност

биле во дом, или раснеле кај роднини... Значи, семејните структури биле исклучително многу променети. Како што рече еден од испитаниците: екстремистичкото милје, групата, тоа беше практично замената за семејството.“

Испрашувани се извршителите

Од фактот дека социјалните и пред се’ - семејните прилики играле решавачка улога при радикализацијата, за научниците произлегува уште еден, изненадувачки заклучок: по повеќето случаи, чиста случајност е кој во каков вид екстремизам ќе заврши:

„Малку претерано може да се формулира ваква теза - дека еден лев екстремист од хамбуршкиот пристанишен кварт би бил десен екстремист доколку се родел во мала источногерманска општина, и обратно.“

Насловот на студијата „Погледот на другите“ би требало да сугерира дека се работи за нов агол на гледање на нештата - тука се испрашувани извршителите, во фокусот се

Symbolbild Terrorismus

Студијата е особено неверодостојна кога станува збор за исламистите, велат критичарите

нивните биографии. Вакво квалитативно истражување овозможува подлабок поглед во одделни случаи, велат истражувачите.

Неверодостојни показатели, велат критичарите

Тука, меѓутоа, лежи и слабата страна на студијата, велат критичарите. Со оглед на тоа што се испрашувани многу мал број лица и тоа од сосема различни екстремистички милјеа, не дава доволно цврста подлога за извлекување веродостојни заклучоци, вели Кристијан Пфајфер, познат експерт за екстремизам и директор на Криминолошкиот истражувачки институт на Долна Саксонија. Студијата е особено неверодостојна кога станува збор за исламистите:

„Студијата не може да прикаже ниту еден цврст заклучок за исламистите, поради тоа што се испитани само шестмина исламисти. Тоа се забелешки, но не може да се прави воопштување за целата исламистичка сцена.“

Второстепеноста на идеологијата, која важи за десните радикали и делумно за левите екстремисти, не може да се забележи кај исламистички мотивираните терористи, нагласува Пфајфер. Тоа го покажуваат токму нападите од 11 септември 2001 година:

„Тие во никој случај не припаѓале на социјални групи од маргините. Тие беа од стабилни семејства, доселени во Хамбург, каде имале нормален студентски живот, по што станале најлоши терористи, со последици какви што светот дотогаш не познаваше.“

Автор: Зоран Арбутина / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска