1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Експресно изгласан собранискиот деловник

Македонскиот парламент бојкотиран од опозицијата на брзина донесе закони кои се поставени како услов во евроинтегративниот процес на земјата. Меѓу нив и со години закочениот нов собраниски деловник.

default

Зградата на македонскиот парламент

Во отсуство на опозицијата, владејачкото мнозинство воведе нови правила за функционирање на Собранието. По итна постапка, со 71 глас „за“ и ниту еден „против“ донесе нов собраниски деловник. Освен ВМРО-ДПМНЕ, за него гласаше и ДУИ, која речиси за идентичен предлог пред неколку месеци имаше огромни забелешки и поднесе над илјада амандмани. Со новиот деловник не е предвидена употребата на албанскиот јазик на сите нивоа, на која тогаш инсистираше лидерот на ДУИ, Ахмети. Тој ќе може да се користи само на седниците и во работата на комисиите, но не и во нивното водење.

Нови правила за говорницата

Со новиот закон пратениците ќе можат да се пријават за говор само еднаш, и тоа само во првата минута од седницата. Ним ќе им биде дозволено да говорат 10 минути, а на координаторите 15. Опозицијата надвор од собраниската сала ваквите решенија донесени без консензус ги оцени како досега најгрубо силување на демократијата.