1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Експресна награда за Србија

Во денеска објавениот извештај Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори со Белград, по позитивниот исход на преговорите со Косово. Претходно српската влада го одобри договорот

default

Во извештајот на ЕК се оценува дека Србија сторила важни чекори кон видливо и одржливо подобрување на односите со Косово во согласност со заклучоците на Европскиот совет од декември 2012 година.

„Врз основа на тоа Комисијата смета дека Србија ги исполни клучните приоритети во преземањето чекори кон видливо и одржливо подобрување на односите со Косово“, се наведува во заклучокот. Европската комисија препорача и отворање преговори за Договорот за стабилизација и асоцијација со Косово.

Српските власти, според оценките во извештајот, спроведувале реформи во клучните области: владеење на правото, реформата на правосудството, борбата против корупцијата, независноста на клучните институции, слободата на медиумите...

Српската Влада ја одобри денеска спогодбата за нормализирање на односите со Косово, која беше постигната со посредство на Европската унија. Договорот беше клучниот критериум за добивањето позитивно мислење од Европската комисија.

Портпаролот на српската Влада Миливое Михајловиќ изјави денеска дека Владата едногласно ја одобрила спогодбата, која премиерите на Србија и Косово ја парафираа во Брисел во петокот на 19 април.

Спогодбата предвидува широка автономија за косовските Срби и надлежности

EU Außenpolitik Ashton, Dacic und Thaci in Brüssel OVERLAY

Ивица Дачиќ, Кетрин Ештон и Хашим Тачи

за косовските Албанци врз териториите на Косово, во кои мнозинството од населението се Срби. Документот треба да биде одобрен и во Парламентот на Србија.

Доцна синоќа, косовскиот парламент со големо мнозинство го одобри договорот. Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле, пред почетокот на денешниот состанок на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, изјави дека сега е најважно и во пракса да се спроведе договорот Белград-Приштина. Тој им упати честитки на двете страни.
„Доколку во овој европски регион оствариме поголема стабилност со тоа што ќе дојде до опуштање во соседните односи на Србија и Косово, тоа не е добра вест само за овие две земји и луѓето кои таму живеат, туку и за цела Европа“, рече Вестервеле.