1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Експлозија пред просториите на СДСМ во Скопје

Пред просториите на општинската организација на СДСМ Карпош синоќа во 19 часот и 30 минути е фрлена експлозивна направа, од која нема повредени, но се оштетиле стакла на просториите, како и возила, соопшти СДСМ.

Според информациите од партијата експлозијата одекнала за време додека во канцеларијата на СДСМ се одржувал состанок на подмладокот на партијата во Општина Карпош. Во моментот во објектот се наоѓале триесетина млади лица кои за среќа останале неповредени.

Од СДСМ најостро го осудија овој инцидент за кој поднесена е пријава и до Министерството за внатрешни работи од каде побараа да бидат преземени брзи и ефективни мерки за откривање на сторителите и расветлување на случајот.