1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Експлозија на цените на храната

ММФ и Светската банка предупредија на растечка глад и социјални немири како последица на екстремното зголемување на цените на храната и на зголемениот недостиг на основните прехранбени продукти.

default

Храна има се помалку за се поголеми цени

Југоисточна Азија страда од зголемувањето на цените на оризот, на пример, но и на другите прехранбени артикли. Посебно се погодени Филипини чија влада бара итен самит на групцијата држави Асеан, можеби уште овој месец или најдоцна во мај. За Хаити е скоро предоцна, барем што се однесува до политичките последици. Социјалните немири таму ја соборија владата. Без оглесд кои се приоритетите на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка, тие се почувствуваа повикани јасно да предупредат и во исто време да предложат мерки. Што мисли за ова директорот за земјоделство во ОЕЦД, Штефан Тангерман?

Парите не можат да се јадат, но како да се ангажираат за да се пресретне недостигот на прехранбени средства? За ова Шефан Тангерман вели:

„Кусорочно може да се помгне на тој начин што луѓето кои сега не се во состојба сами да си купат храна зашто цените се превисоки, да добијат пари за да се финансираат таквите високи цени. Значи, непосредна кусорочна помош за купување храна. Меѓутоа, парите треба да се ангажираат за долгорочно решавање на проблемот, имено во поддршката на земјоделството и во неговата модернизација„.

Замолен да коментира што е она што е погрешно направено во земјоделската гранка во светот, Тангерман со следниот став:

„Всушност, не е се погрешно направено. Меѓутоа, во моментов имаме несреќен спој на различни фактори што доведоа до сегашната експлозија на цените. Некои имаат врска со природниот развој, на пример цела низа години лоши жетви условени од временските услови врз кои владите не можат да влијаат. Но, се случи и тоа, владите во многу индустрсики земји да почнат со поддршка на производството на био-гориво. И тоа придонесе за експлозијата на цените што политиката ќе мора да го преиспита„.

Во натамошниот дел од разговорот со директорот за земјоделство на ОЕЦД Штефан Тангерман, тој оцени дека она што го потегнаа Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка не само политичка сопирачка, туку и потег кој долгорочно е неопходен. Имено, порастот на цените покажува дека станува збор за тревога. Развојот на пазарот покажува дека е итно неопходно да се извршат поправки. Сепак, дали реакцијата на овие две финансиски институции не доаѓа предоцна:

„Мислам дека на Светската банка не може да и’ се префрли дека не започна на време да размислува за политиката во тој поглед. Во есента минатата година беше подготвен голем извештај во кој токму се доаѓа до истиот заклучок дека на земјоделството мора да му се даде приоритет во развојната политика. И тоа во време кога цените се уште не растеа до сегашниот степен на експлозија„.

Штефан Тангерман инаку смета дека и во врска со генетичката техника мора да се размислува на поинаков начин, зашто проблемот со гладните луѓе нема да може бргу да се реши:

„Мислам дека во тој поглед одново треба да се преиспитаат позициите, посебно во Европа каде што претпазлиовста е преголема во однос кон таквиот модерен развој на био-технологијата која може да придонесе за поголемо користење на производниот потенцијал. На пример, посебно генетски промениетите производи можат во голема мера да придонесат за одгледување земјоделски производи што, на пример, ќе бидат отпорни на суша. Тоа ќе ја намали зависноста на приносите од климата„.