1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Експлозија на индиска подморница

Во пристаништето на индиската милионска метропола Мумбај експлодираше подморница. Повеќемина членови на екипажиот во загубија животот. Точниот број на жртвите засега не е познат.

При екслозија во една идниска подморница со 18 членови на екипажот повеќе луѓе го загубија животот. Министерот за одбрана А.К. Антони изрази жалење за смртта на морнарите, кои во „во служба за земјата“ го загубија животот. Тој не прецизираше колкумина луѓе загинаа.

Властите информираат дека експлозијата најверојатно била предизвикана од краток спој. Подморницата потонала додека се гаснел пожарот. Дел од членовите на екипажот се спасија едноставно скокајќи од подморницата. Нуркачите меѓутоа и натаму трагаат по исчезнатите морнари.

Подморницата од 1997 година од руско производство во мај годинава била на генерална поправка. Овој пожар не беше единствениот инцидент на подморницата. При една експлозија во февруари 2010 година загина еден морнар.