1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Експлозија во центарот на Прага

Голема детонација во историскиот центар на чешкиот главен град Прага предизвика големи штети. Повеќе од 50 лица се повредени. Причината за несреќата најверојатно е дефект во гасната мрежа.

Местото на несреќата е историскиот стар град на Прага, омилен меѓу туристите. Улицата Диваделни е целосно покриена во рушевини. Според полицијата повредени се најмалку 55 лица, некои од нив тешко. Според Паскал Стојчески, македонскиот амбасадор во Чешката Република, нема официјални информации за повредени Македонци во експлозијата. Многумина од жртвите се повредени од срчи од стакло. Во околината на експлозијата се распрскаа стаклата на прозорците.

Prag Explosion 29.04.2013

55 повредени во експлозија во Прага

Ексползијата се случила во една зграда со канцеларии, каде се сместени повеќе фирми. Силите за безбедност во рушевините на објектот бараат евентуални натамошни повредени.

Причина за детонацијата во близина на Националниот театар според полицијата најверојатно била дефект во гасната мрежа. Повеќемина очевидци сведочат дека почувствувале интензивен мирис на гас на местото на експлозијата.

Силите за безбедност го оградија местото на несреќата и ги евакуираат ближните куќи. Чешкиот премиер Петр Нечас најави дека лично ќе се вклучи во истрагата.