1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Експлозија во рафинерија во Венецуела

Во експлозија на гас во најголемата венецуелска рафинерија денеска (25.08.2012) загинаа најмалку 19 луѓе, а најмалку 53-ца се повредени. Според властите, оштетени се повеќе куќи во близина на рафинеријата.

На видео снимка се гледа огромна топка чад како се извива над рафинеријата.

Властите соопштија дека не постои ризк од нова експлозија и дека е во тек давање помош за повредените.

Рафинеријата Амуај, во која се произведуваат 645.000 барели дневно нафта, е составен дел од Парагвана-рафинеријата, еден од најголемите рафинериски комплекси во светот, со вкупен капацитет од 955.000 барели дневно.

„Експлозијата е причинета од истекување гас. Има голема материјална штета на инфраструктура и домови покрај рафинеријата“, изјави Рафаел Рамирес, министер за енергетика.

За тоа како истекол гасот, се‘ уште се води истрага. Од истечениот гас се запалиле најмалку два танкери со нафта.

Рафинеријата се наоѓа на полуостровот Парагвана, во западниот дел на Венецуела, која е петти по големина извозник на нафта во светот.