1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Експлозија во Прага - загина палестинскиот амбасадор

Палестинскиот амбасадор во Чешка, Џамал ал-Џамал, денеска (1.01) загина во експлозија која ја потресе неговата резиденција во Прага. Експлозијата се случила при отворање трезор.

Палестинскиот амбасадор Џамал ал-Џамал по експлозијата беше пренесен во воената болница во Прага и беше ставен во вештачка кома, но им подлегна на повредите. Во експлозијата е повредена и една 56-годишна жена, која има труење со чад и е во шок.

Околината на амбасадорската резиденција во прашкото предградие Сухдол е затворена. Полицијата е во акција со експерти за експлозив, повеќе возила и хеликоптер. Засега нема конкретни укажувања дека се работи можеби за терористички напад.

Според извештај на весникот „Право“, експлозијата се случила при отворање на трезор. Ваквата информација ја потврди и палестинското Министерство за надворешни работи. Семејството на амбасадорот било во куќата за време на експлозијата. Ал Џамал ја презеде амбасадорската функција во Прага во октомври 2013 година. Тој заедно со семејството се преселил во новата резиденција пред само неколку дена.