1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Експлозија во Волгоград-над 10 жртви

Во експлозија на бомба на железничката станица во Волгоград, Русија, загинале најмалку 13 лица. Според првите сознанија, ова е дело на терористка-самоубиец.

Најмалку 13 лица загинале и три се ранети во експлозија денеска утрото на железничката станица во Волгоград во јужна Русија. Првите сознанија на полицијата се дека најверојатно се работи за терористички напад на атентаторка-самоубиец, како што изјави портпаролот на истрагата, Владимир Маркин за Интерфакс. Бомбата најверојатно била детонирана на влезот во железничката станица. Се проценува дека се ранети над 50 луѓе.

Бројни возила за брза помош се пристигнати на местото на инцидентот во Волгоград, поранешен Сталинград. Зградата на железничката станица е евакуирана, соопшти Министерството за цивилна заштита. Очевидци зборуваат за огромни штети, насекаде расфрлани парчиња стакло, како и помал пожар, кого пожарникарската екипа го изгаснала.

Во октомври во милионскиот град на Волга атентаторка-самоубиец со себе во смрт однесе шестмина патници на еден автобус .

Градот се наоѓа на околу 700 километри од Сочи, каде ќе се одржат Зимските олимписки игри. Чеченскиот исламистички лидер Доку Умаров повика на извршување напади со цел попречување на ЗОИ. Кремљ вети строги безбедносни мерки и безбедни Олимписки игри.