1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Експлозии пред партиска централа

Пред централата на Комунистичката партија во северната кинеска провинција Шанси експлодираа повеќе експлозивни направи. Има најмалку еден загинат, а осум лица се ранети.

Кинеските државни медиуми јавуваат дека биле оштетени околу 20 возила во радиус од 100 метри од местото на експлозијата. Едно лице загина, осум други се повредени при експлозијата на рачно изработени бомби пред зградата на Локалниот комитет на Комунистичката партија на Кина во градот Тајуан, административен центар на северната кинеска провинција Шанси. #b

Локалните медиуми велат дека, според првичните сознанија, експлозивната направа била наполнета со челични зрна. Очевидци тврдат дека бомбите биле поставени во паркот пред партиската централа. Но, видеата и фотографиите, како и коментарите кои минувачите ги поставиле на интернет, како што е вообичаено во Кина, се веднаш избришани од државната цензура.

Денешната експлозија следува кратко по инцидентот во Пекинг минатата недела. Пред Забранетиот град, на Плоштадот на небескиот мир тогаш експлодираше возило полно со туби бензин, кое влета меѓу толпата луѓе и се запали. Притоа, загинаа тројцата патници во возилото, а беа повредени околу 40 луѓе. Кинеските власти инцидентот го оквалификуваа како терористички напад, за кого ги осомничија ујгурските исламисти.

Поврзана содржина