1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Експлозиите во Бангкок наменети за дипломати

Експлозиите што се случија во Бангкок, според тајландската тајна служба се дел од неуспешен обид за напад врз израелски дипломати. Слични инциденти во понеделникот имаше и во Њу Делхи и во Тбилиси.

default

Експлозијата во Бангкок

Во трите експлозии што вчера одекнаа во главниот град на Тајланд бил тешко повреден еден човек со ирански пасош, друг Иранец бил уапсен на аеродромот на тајландскиот главен град, а трет успеал да избега во правец на Малезија. „Овие тројца Иранци сакале да постават експлозивна направа на израелско дипломатско возило“, изјави висок функционер во тајната служба на Тајланд за агенцијата Франс прес. Тој додаде: „Група на иранските државјани е група на убијци, а нивни мети биле израелски дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот. Нивниот план бил да постават бомба под дипломатско возило“.

Тешко повреденото лице во една од експлозиите е идентификувано како Саид Морати, 28-годишен државјанин на Иран.

Слични инциденти во понеделникот имаше и во Њу Делхи и во Тбилиси. Во главниот град на Индија имено четири лица беа повредени при експлозијата на бомба насочена кон возилото на израелска дипломатка во близина на амбасада на оваа земја во индискиот главен град. Во грузискиот главен град пак навремено беше деактивирана експлозивата направа поставена на возилото на еден од вработените во израелската амбасада.

Израел го обвини Иран дека стои зад нив, додека Техеран категорично отфрла каква било вмешаност. 

Бомбашките напади инаку многу наликуваат на оние во кои беа убиени ирански нуклеарни научници во последните две години за кои Техеран го обвини пред се’ Израел, но и САД.

Автор: СН/ БГ/ афп/ дпа/ мф

Редактор: Александра Трајковска