1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Експертско мислење, а не официјален став на европските институции

Европарламентарците одбегнуваат јавно да ја коментираат спорната студија во која се користи терминот „ФИРО-Македонци“. Сепак, анонимни претставници на ЕП за ДВ уверуваат дека тоа не е официјален став на Европарламентот.

default

Седиштето на Европскиот парламент во Брисел

Студијата за правата на малцинствата на Западен Балкан, која предизвика остри реакции на негодување во Македонија поради користењето на термините „ФИРО-Македонци“ и „ФИРО- македонски јазик“, е изработена по барање на Европскиот парламент. Автори се Штефан Волф, Ана-Марија Ангелеја и Ивана Ѓуриќ од Центарот за интернационален кризен менаџмент на Универзитетот во Нотингем, како и Питер ван Хаутен од Политичкиот одел на Универзитетот во Кембриџ и Сандро Данџело, шеф на Дирекцијата за надворешна политика на Европскиот политички одел.

На три места во студијата за правата на малцинствата на Балканот, долга 46 страници, се користат термините „ФИРО-Македонци“ и „ФИРО- македонски јазик“, а на сите други места се употребува уставното име на Македонија, како и термините Македонци и македонски јазик.

Без коментар

Студијата не сакаше да ја коментира никој од пратениците членови на подкомисијата за човекови права во Европскиот парламент. Најголемиот број од нив изјавија дека воопшто не се запознати со неа.

„Авторот е тој, кој што е одговорен за она што е напишано, а не европските институции. Студијата подоцна ќе биде претставена во подкомисијата за човекови права. Таа е составена од информации, дадени од експерти и не претставува официјален став на европските институции“, изјави за Дојче Веле претставник на Европскиот парламент, кој сакаше да остане анонимен.

Mazedonien Außenminister Antonio Milososki zu Kosovo

Министерот за надворешни работи Милошоски поради студијата реагираше до претседателот на ЕП, Ханс-Герт Петеринг

Судијата инаку е обид преку споредбена анализа да се претстави ситуацијата со човековите права во земјите од Западен Балкан, како што на времето посакуваше поранешниот македонски претседател Киро Глигоров. Изненадува тоа што Европскиот парламент оваа студија ја нарача од група експерти, а не се послужи со постоечките и многу подетални извештаи и експертизи на Советот на Европа, посветени на оваа проблематика. Во делот од документот посветен на Македонија се нагласува дека малцинствата, особено помалите, не биле доволно застапени во политичките институции.

Студијата не ги опфаќа балканските земји членки на ЕУ

Авторите на анализата ги набројуваат законите донесени во Македoнија, со кои се унапредуваат правата на малцинствата, со констатација дека се нуди многу екстензивно политичко учество без да се обезбеди директна територијална автономија. Сепак, студијата содржи многу критики, во најголем дел за статусот и правата на Ромите. Генералната констатација во неа гласи дека малцинствата во поголем дел живеат во руралните области, а бидејќи можностите за вработување се концентрирани главно во градовите, тие географски се исклучени од овој процес.

Spezialeinheit der mazedonischen Polizei

Во студијата најмногу критики за македонската полиција

Како проблем е наведено малтретирањето на Ромите, а во мал дел и на Албанците од страна на полицијата. Ова според експертите е резултат на етничкиот дебаланс во македонската полиција. Притоа се вели дека државата прави напори за подобрување на правата на малцинствата со финансирање на специјални проекти за малцинските права. Истовремено средствата за имплементација на Охридскиот договор постојано се зголемуваат и за таа цел годинава ќе се потрошат 4,8 милиони евра.

Најинтересен сигурно е споредбениот дел, во кој се презентирани малцинствата во сите држави од Западен Балкан. Од него се гледа дека во моментов етнички најмешана е Црна Гора со дури 56,84 насто малцинства (главно Срби), втора е Македонија со 35,8%, трета е Србија со 12,52 % и четврто Косово со 12 насто малцинства.
Може да се изрази и критика до нарачителите на студијата, бидејќи со неа не се опфатени балканските земји членки на Европската Унија. Некои од овие земји, како Бугарија или Грција, беа и директно посочени од Европскиот суд за човекови права во Стразбур дека ги кршат правата на малцинствата, за што им биле изречени и соодветни пресуди.