1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Експертски тимови го разгледуваат пакетот на Нимиц

Тимови експерти во Македонија го разгледуваат новиот пакет на Метју Нимиц за решавање на грчко - македонскиот спор. Во јавноста се обелоденија и сите пет имиња што ги предложил медијаторот во Атина.

default

Поранешна средба на Нимиц со македонскиот државен врв

Од петте предлога за ново име за властите во Скопје се прифатливи само Демократска Република Македонија или независна Република Македонија. Државно владиниот врв ги откри и другите три предлози што ги форсира грчката страна, и тоа Република Горна Македонија, Уставна Република Македонија или Нова Република Македонија. Тоа се петте имиња за кои би требало да се изјаснат Атина и Скопје во наредните две недели. Експертски тимови предводени од македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премеирот Никола Груевски го разгледуваат целиот предложен пакет на Метју Нимиц. Високи владини функционери вчера рекоа дека овој пакет на Нимиц е досега најнеповолниот за Македонија. Имено ако името се смени во Демократска Република Македонија или Независна Република Макеоднија според прдллогот на Нимиц тоа име ќе важи за меѓународните релации, за членството во меѓународните организици ЕУ и НАТО, а би требало да се впишува и во новиот македонски пасош што практично би значело и промена на уставот. На тој начин и сите 120 држави што Македонија ја признале под уставното име во иднина ќе и се обраќаат со ново избраната сложена референца. Идните преговори македонските власти би ги продолжиле само ако се во игра новите називи Демократска Република Македонија или Независна Република Македонија и тоа само за билатералните односи со Грција и евентуално членство во меѓународните организиации. Денеска (21.02.08) попладне ќе се оддржи и лидерска средба на која премиерот и претседателот на Македонија за пакетот на Нимиц ќе ги информираат и шефовите на партиите застапени во парламентот.

DW.COM