1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Експертите со своја оценка за постапките на ДУИ

Експертите за локална самоуправа со свои оценки на политичките активности на ДУИ и најавата дека за две недели ќе се разгледува конечната одлука за прекин на комуникацијата на градоначалниците со централната власт.

Прекин на комуникацијата на 17те градоначалници на општините од редовите на ДУИ со централната власт, и напуштање на постојната заедница на локална самоуправа, како и формирње парлелна асоцијација ќе претставува неуставен и политички крајно неогворен чин, спротивен на интересите на сите граѓани во тие општини – оценуваат поовеќе експерти за локална самоуправа и за комунален уставен и политички систем и политички аналитичари.

Градоначалниците интегративци заедно со партиското раководство за две недели го одложија донесувањето на конечната одлука кога ќе изнесат свои анализи и аргументи во што доживуваат опструкции и пречки од страна на владата на Никола Груевски.

Осман Кадриу професор по уставно право и политички систем коментира: „Не може и не смее да има никаков прекин, да не зборувам и за бојкот со надлежностите и актвностите и власта што ја има централната власт на ниво на државата.“

Гордана Силјановска експерт за локална самоуправа и комунален систем од Скопје категорично укажува: градоначалниците на ДУИ својот легитимитет го добиле од граѓаните, а не од лидерот Али Ахмети во партиското раководство. Затоа тие не смеат своите градоначлнички позиции да ги ставаат во функација на партиските интереси „ ДУИ локалната сапоуправа ја третираат како продолжена рака на партиите, односно ги дисциплинира, бара лојалност и партиска дисциплина дури и од победниците на локалните избори. Тие треба да ги решаваат проблемите на граѓаните на локално ниво, а не слебо да ги следат одлуките на партијата. Тоа е крајно неоговорно. Значи тие не се дораснати за своите функции.“

Професор Кадриу во овој контекст дополнува: „ Локалните власти се избрани од народот и не би требало да има партиско влијание, да не кажам и партиски диктат од страна на која било партија. Таквиот диктат е неуставен.“

Локалната самоуправа мора да биде надвор од влијанието на централната власт – посочува професорот по полчитичка социологија на Скопексиот универзитет Ило Трајковски „ Локалната самоуправа мора да биде извлечена од влијанието на политичките партии. Значи станува збор за ставање на интересите на партијата пред интересите на населението. Заради таквите одлуки на партијата сега ќе бидат ставени во ситуација да трпат сите граѓани, независно дали се согласуваат или не се согласуваат со таквата одлука на таа пртија.“

Ако ДУИ ги оствари своите закани за прекин на контактите на нејзнитите градоначалници со извршната власт, тоа може да предизвика и политички опасни последици - предупредува Алберт Муслиу, политички аналитичар од невладиниот сектор во Гостивар

„Во најголемиот број албански општини грдоначалниците се од ДУИ. Секако дека тоа ќе има негативни реперкусии врз целата политичка сцена, а секако и кон позицијата на Македонија во севкупниот европски процес.“

Експертите заклучуваат: конечниот збор во вреднувањето на постапките на ДУИ ќе го имаат граѓаните.