1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Експертите со позитивни оценки

Зголемувањето на платите и на пензиите е добар потег што ќе ја раздвижи македонската економија и ќе ја мотивира администрацијата да биде поефикасна.

default

Премиерот најави зголемување на платите за администрацијата

Поголеми ризици по макроекономската стабилност нема, инфлацијата и натаму ќе може да се држи под контрола. Ова се сублимираните оценки на економистите од кои Дојче Веле побара став во врска со вчерашната владина одлука. Платите на вработените во државната администрација во наредните три години да се зголемат за 34 процетни а пензиите за 20. Универзитетскиот професор Јован Пејковски вели дека ова е поттик на системот преку зголемена потрошувачка да се динамизираат инвестициите, растот и развојот.

Добро е што мерката ќе се спроведува етапно во период од три години. Тоа ќе овозможи да се следи порастот на масата пари во оптек што влијае на инфлацијата. Со одмрзнувањето на платите постепено се олабавува рестриктивната макроекономска политика што на долг рок резултира со застој, велата економските експерти и проценуваат дека владата сака да ја стимулира потрошувачката за да го динамизира развојот. За Владимир Божиновски од инстоитутпот за демократија, еднакво важни се неекомските ефекти од владината мерка.

Со просечна плата од 230 и пензија од сто и педесетина евра Македонија заостанува зад останатите земји од регионот. Поради обемната администрација која брои околу 100 илјади вработени дури две третини од буџетот државата троши за плати и социјални трансфери. Затоа експертите се едногласни во препораката истовремено со покачувањето на платите да почне да се намалува бројот на вработени во државната администрација.