1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Експертите во недоумица околу влезот на Етихад во ЈАТ

JАТ станува Ер Србија. Во цела Европа, стручњаците за патнички авиосообраќај се исчудуваат поради влегувањето на Етихад, моќниот и богат авиоконцерн од Обединетите Арапски Емирати, во новата српска авиокомпанија.

Кабинскиот екипаж на српската авиокомпанија ЈАТ-ервејс се упатува кон авионот. Пустелија на белградскиот аеродром со шарм на поранешната социјалистичка земја.

Затоа уште повеќе изненадува планот на Етихад Ервејс од Обединетите Арапски Емирати: со арапска помош, Белград треба да стане воздухопловна крстосница.

А, Етихад, пак, сопственик на 49 проценти од Ер Србија, наследникот на ЈАТ. Стариот персонал го замeнуваат.

Но, досега се’ остана речиси само на рекламниот спот. Сепак, веќе би требало да можат да се резервираат карти. Патниците се со поделено мислење.

„Се надеваме дека со Ер Србија ќе биде подобро за голем круг на клиенти. Белград е центар, тоа отсекогаш и бил.“

„Дали Србија мора да има сопствена авиокомпанија - не знам. Глобално гледано, веќе има многу големи компании со добра сопствена мрежа на летови.“


Во цела Европа, па и во Берлин, стручњаците се чудат поради влегувањето на Етихад во новата компанија Ер Србија.

„За оваа инвестиција немам навистина никакво објаснение, таа ни стратегиски нема никаква смисла. За споредба, Етихад има удел во Ер Берлин и соработува со Ер Франс, но со некоја таква авиокомпанија, со таа големина, со тој обем на пазарот - тоа воопшто не може да се објасни.“, вели Хајнрих Гросбонгарт, експерт за воздухопловство од Германија

Објаснувањето можеби се крие на друго место: од крајот на јули Србија речиси и не може да дојде до никакви пари. Нејзината кредитна способност е на најниско ниво.

Арапите сакаат да дадат 2 милијарди евра кредит. За возврат добиваат удел во Ер Србија. Старите долгови на ЈАТ ќе ги покрие српската држава.

Поради тоа, најмоќниот политичар во земјата, вицепремиерот Александар Вучиќ, очајнички бара инвеститори.

„Државата сѐ уште покрива долгови на ЈАТ во вредност од околу 30 милиони евра годишно и тоа е главна причина зошто сакавме нешто да заштедиме.“, вели Вучиќ.

Тој се фаќа за секоја сламка: дури и Доминик Строс-Кан, поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, кој поднесе оставка поради секс скандал, треба да помогне како советник во Србија. „Среќен сум што сум тука за да се обидам да му помогнам на народот во Србија да реши дел од економските проблеми.“ порача Строс- Кан при првото доаѓање во Белград.Тој барем во иднина ќе лета до белградскиот аеродром со нова авиокомпанија - Ер Србија, наместо со стариот ЈАТ.