1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Еко-програма тешка две милијарди долари

Стратегијата за заштита на животната средина во Македонија предвидува меѓу другото и поставување на пречистителни станици на реките. Властите негираат дека земјата може да се претвори во депонија за опасен материјал.

default

Вардар

Третман на отпадоците како алтернативен извор на енергија, завршување на меѓусоседскиот еко-прак Преспа на тримеѓето со Грција и Албанија, како и детален колекторски ситем на Охридското езеро-ова се крупните

Prespa See in Mazedonien

Преспа

еколошки проекти издвоени од националната стратегија на Македонија за наредната декада. „За овие зафати ни требаат околу две милјарди долари и мислам дека можеме да ги обезбедиме од разни извори на финансирање и донации“, вели Неџеп Јакупи министер за заштита на човековата околина.

Почитувањето на европската регулатива и директиви за заштита на човековата средина се најкрупните инвестиции на македонскиот пат до ЕУ и кога ќе се биде дел од неа.

Пречистителни станици на реките - приоритет за наредниот период

Пречистителни станици на речните сливови на Вардар, Пчиња, Брегалница, Лепенец, се наведени во приоритетите за наредниот период. „Се надевам дека и Грција ќе се вклучи во финансирањето на пречистителната станица на Вардар, која скоро е договрена и за која постои донација од Швајцарија“, објаснува министерот за екологија.

Наспроти него претседателката на Советот за евроинтеграции е секптична по прашањето, со која брзина ќе се градат речните колекторски системи: „Самиот факт дека од двата зафати за пречистителни одводни ситеми на македонските реки немаат конечно финансико заокружување, покажува дека Владата нема намера наскоро да почне со нивно реализирање, а ние немаме само две реки за такви крупни инвестиции, иако еко-системите се главните приоритети за ЕУ“, вели Шекеринска.

Месното населени и локалните власти против локациите за депонии

Müllhalde in Deutschland

Депонија

Најмалку двеста милиони евра се предвидени за годинашните еколошки вложувања што само македонската влада треба да ги издвои. Ако се иземе орагнизираното складирање на цврстиот отпад и неговото селектирање и рециклирање во скопската депонија Дризла и стартот на Русино како регионален центар за запданиот дел од земјата, сосема е јасно дека за другите шест центри има и отпор кај месното населени и локалните власти не се согласуваат со исцртаните локации во нивните атари. „И ние како Влада не подготвивме терен кај граѓаните од овие краеви да им објасниме дека депониите не се ѓубришта, смет, туку организирани центри за негово прибирање и обработка, што не влијае на загадувањето на населените места“, вели Филип Иванов од министерството за екологија. Тој негира дека Македонија

Lebensmittel und Giftdeponie in Belgien

Опасен материјал

може да се претвори во депонија за опасен материјал, пред се’ од развиените индустриски земји.

Во изградбата на регионалните депонии инаку се предвидува принципот на јавно и приватно партерство, но и тој ги чува во тајност локациите на четири од нив за што веќе има распишано оглас за концесионирање и управување со нив. Иванов вели дека од бизнисот со отпад Македонија може да профитира со околу 150 милиони евра годишно користејќи го како алтернативен извор на енергија.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска